Менаџерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е менаџер со најдолг стаж на тим во шпанската Ла Лига, но и покрај тоа што ја освои титулата двапати, тој допрва треба да победи на гостувањето кај Барселона - предизвик што Аргентинецот со нетрпение го очекува на саботното гостување кај Каталонците.
Двата тима се со 38 бода на врвот пред утрешната пресметка.
-Она што го зборуваме месец и половина, тимот работи добро како целина, бара можности на секој натпревар да го порази противникот, да се натпреварува и да се подобри. Се соочуваме со тим кој игра многу добро. Ми се допаѓа нивната младост во средниот ред, Рафиња е еден од најдобрите во лигата поради неговата храброст и стил на игра, Пред нас е неизвесен натпревар, изјави Симеоне.
Иако Атлетико не ја победил Барселона на гости од 2006 година, Симеоне се уште се сеќава како ја освоија титулата на „Камп Ноу“ со ремито во последниот натпревар од сезоната 2013-14.
-Добро е што не сум победил таму во животот. Сум победувал секаде и ја освоив титулата во Барселона, изјави Симеоне.