Фудбалерите на Рома ќе останат „заклучени“ во клупската база по вчерашното фијаско против тимот на Каљари.

„Волците“ дозволија израмнување длабоко во додаденото време, иако водеа со 2:0 на полувреме и имаа предност на теренот, откако домаќините добија два црвени картони.

Одлуката екипата на Рома да биде „заклучена“ во тренинг базата беше соопштена од „Рома Радио“, а казнениот камп ќе трае до среда, кога тимот ќе се соочи против Викторија Плзен во средба без значење во групната фаза на Лигата на шампионите.

Иднината на менторот на тимот, Еузебио ди Франческо пак сè уште нејасна. Во медиумскиот простор веќе се појавија имињата на неговите потенцијални заменици, меѓу кои се Пауло Соуса и Винченцо Монтела.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2018 13:01