Со учество на 74 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Романија започнува вториот по ред „Пандев Куп 2019“. На овој меѓународен турнир ќе учествуваат над 1.500 дечиња во пет различни категории, што го прави најголем и најспектакуларен турнир кај нас.

Младите фудбалери од генерациите 2009 и 2010 ќе го отворат турнирот утре, каде ќе се натпреваруваат во четири групи од по четири екипи, односно две групи од по шест екипи. Турнирот ќе заврши в недела на 24 февруари.

На 28 овој месец стартува и натпреварувањето за генерациите 2006, 2007 и 2008. Овие млади фудбалери ќе се натпреварувааат на терените во Струмица и Дојран, а турнирот ќе биде затворен на 3 март.

– Ваквиот интерес на голем број екипи од повеќе земји го потврдува и фактот дека овој Пандев Куп под водство на најдобриот фудбалер од Македонија на сите времиња Горан Пандев, ќе прерасне во традиција и го добива епитетот за најмасовен и најсилен турнир, информираат од Академија Пандев.

Ова лето на истиот турнир, кој ќе се одржи за повозрасни категории, ќе учествуваат 96 екипи од повеќе земји.

Меѓународниот турнир „Пандев Куп 2019“ е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и општина Струмица и општина Дојран.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2019 12:37