Напаѓачот на Атлетико, Алваро Мората, истакна дека немал никакви проблеми со Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.

Фудбалерите ќе се сретнат повторно на теренот, но во различни тимови, Јувентус на Роналдо и Атлетико Мадрид на Шпанецот, во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Никогаш не сум имал проблеми со Кристијано Роналдо. Тој секогаш сака да победи, тој е многу опасен. Но, се надевам дека денес нема да биде негов ден, изјави Мората. Натпреварот Атлетико Мадрид – Јувентус се игра вечер од 21 часот на „Ванда Метрополитано“ во шпанската престолнина.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2019 13:08