Екипата на Вардар доживеа пораз со 30:32 (16:17) против Мешков Брест во дерби дуелот од 16.коло во СЕХА лигата.

Гостите водеа во најголемиот дел од натпреварот, но при крајот на мечот „црвено-црните“ успеаја да поведат со 27:25. Македонскиот првак сепак направи неколку технички грешки, а противникот тоа го искористи и на крајот дојде до победата.

Дибиров и Скубе со по шест гола беа најефикасни за домашниот тим. Ѓорѓиќ со осум гола и Ивиќ со шест беа најдобри за гостите од Брест.

Вардар останува лидер на табелата со 39 бодови, пред Нексе и ППД Загреб кои имаат по 36, додека Мешков Брест сега е четврти со 33. До крајот на групната фаза Вардар треба да одигра уште два дуели – против Нексе (10 март) и Извиѓач (12 март).



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2019 19:27