Тајландската опозициска партија Партија на Тајланѓаните (ПТП), блиска до поранешниот премиер Таскин Шинаватра, освои 138 пратенички места во Долниот дом на Парламентот, додека промилитантната партија Паланг Праларат освои 96 места.
Но, победниците кои освоија 150 пратенички места во Долниот дом на тајландскиот Парламент се уште не се познати, соопшти Изборната комисија.
Победникот на вчерашните избори најверојатно нема да се знае со недели, а Изборната комисија најави дека официјалните резултати ќе бидат објавени на 9 мај.
Тајланд е под директна воена управа од државниот удар во 2014 година, кога Армијата под водство на тогашниот командант Прајут Чан-оча, ја урна Владата предводена од соработниците на Шинаватра. Тој беше сменет од премиерската функција со државен удар по изборите во 2001 година, по што замина во егзил, но неговата партија Тајланѓаните сакаат тајландско (ПТР) и нејзините наследнички, Партијата на народната волја (ППП) и Партијата на Тајланѓаните (ПТП) победуваа на четирите наредни избори до 2011 година.