Штрајкот на учителите во Полска денеска влезе во втората недела, а Владата им порача дека нема пари за нивните барања.

Учителите бараат зголемување на платите за 30 отсто, но Владата им нуди зголемување од 15 проценти.

-Нема пари за зголемувања на платите во буџетот за 2019 година, изјави министерката за образование Ана Залевска.

Претседателот на главниот синдикат на учители ЗНП Славомир Брониарц изјави дека тоа е неприфатливо и бараат итни преговори со Владата.

Тоа е прв штрајк од таков вид во Полска од 1993 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 18:35