Видео запис се појави на социјалната мрежа фејсбук на кое се гледа како двајца Азијци, маж и жена, бркаат друг маж со сатар во ТЦ Лепокарија.

На видеото се забележува дека мажот продолжува да бега, по што жената фрла кутија кон него, а потоа се вмешуваат случајни минувачи.

Според неофицијални информации, расправијата се случила поради висока сметка во ресторанот во кој седеле.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 15:41