Во село Батинци во општина Студеничани денеска беше отворена библиотека со поддршка од Министерството за култура, Организацијата за миграции на Обединетите нации (ИОМ), Владата на Велика Британија и од приватниот сектор.
Како што соопшти Мнистерството за култура, на отворањето присуствувал министерот Хусни Исмалили, кој истакнал дека покрај тоа што Министерството обезбедило голем книжен фонд за библиотеката, ја поддржува и иницијативата за овој преокт на Здружението на граѓани „Еколошка организација на село Батинци“.
– Уверен сум дека овој проект ќе биде поттик и за останатите слични организации да се охрабрат во остварување акции за развој на руралните средини и намалување на разликите помеѓу градот и селото, како и за отворање можност, главно за младите луѓе, да се пронајдат во космополитскиот дух во градење едно општество за сите, истакна Исмаили.
Министерството посочува дека проектот е дел од стратегијата на Владата преку општествени активности насочени пред сѐ за младите, да се гради хумано општество кое, како што наведува – „ќе се бори против сите негативни влијанија кои ги демнат младите и против насилниот екстремизам во кој и да е облик“.