Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ по синоќешната атрактивна интернационална вечер, продолжува со староградска музика и игра кои ќе бидат изведени на сцена во Старата битолска чаршија.

Според програмата, вечерта на староградска музика и игра ќе ја отворат членовите на КУД „Васил Хаџиманов“ од Кавадарци, а потоа пред битолските занаетчии и друг аудиториум во старата чаршија ќе настапат „Распеани штипјани“, „Распеани велешани“, „Распеани гевгеличани“, пејачката група „Сирма Војвода“-Битола, ВИС „Орнаменти“ од Штип, староградските групи „Пензионер“ и „Прилеп“ од Прилеп, а вечерта ќе биде заокружена со настап на КУД „Илинден“ од Битола.

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ завршува утревечер со прогласување на фестивалските победници и концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ што ќе се одржи во амфитеатарот на археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2019 12:09