Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет оствари средба со иранскиот амбасадор во земјава, Хусеин Карими, на која разговараа за досегашната и за идната соработка во областа на културата меѓу Северна Македонија и Иран.

Соработката се реализира врз основа на Спогодбата потпишана меѓу владите на двете земји, како и врз основа на потпишаната Програма за имплементација на културната и уметничката соработка меѓу министерствата на двете земји за периодот до 2021 година.

– Соговорниците се согласија дека двете земји имаат добра основа за конкретна соработка меѓу институциите од областа на културата, но и за размена на уметници кои би гостувале на значајни меѓународни фестивали во нашата земја и во Иран. Беше разгледана и можноста за реализација на покомплексно претставување на македонската култура во Иран, како Денови на македонскиот филм во Иран, и на реципрочна основа, Денови на иранскиот филм во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2019 15:35