Во рамки на фестивалот „Илиденски денови“ синоќа во Битола, Ансамблот „Македонија“ од Скопје приреди ретка ревија на македонски народни носии од повеќе етнографски целини.
На плоштадот „Магнолија“, пред публика од државата и странство беа претставени 20 комплети народни носии од Горновардарска, Дебарско-Реканска, Брсјачка, Јужномакедонска и Шопско-Брегалничка етнографска целина.
-Сите носии се од крајот на 19. и почетокот на 20. век. Тоа се најубавите носии од сите македонски етнографски целини од кои се согледува социјалниот статус за девојки, невести, млади жени, ергени и младоженци, истакна проф. д-р Владимир Јаневски, под чие раководство работи Ансамблот „Македонија“ од Скопје.
Ревијата на македонски народни носии беше придружувана со музичко сценски перформанс.