На 5 август 2019 (понеделник) во 20.30 часот на просторот околу Градскиот саат ќе се одржи Унгарска вечер на која ќе настапи групата за народни танци “Табан“ од Унгарија. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето што го реализира ЦК„Марко Цепенков“, а во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија.

Групата за фолклорен ансамбл е основан во 1993 година, во Бекешчаба, со неа управува фолклорното друштво "Табан". Групата ги собира, чува и ги етаблира традициите на унгарските народни ора, како и на други националности кои живеат во Карпатскиот басен. Тие исто така веруваат во важноста на( - во нашиот тековен живот) - запознавање на публиката со традициите и навиките на Унгарците. Покрај европските вредности, тие се обидуваат да го зачувуваат националниот идентитет.

Со својата автентична програма редовно настапуваат на TV, фестивали и натпревари.

Групата е наградена со "одлично квалификувана" титула во 2010, 2012 и 2019 година, што е највисокото признание во унгарското фолклорно движење. Во 2010 година ја добија наградата "За Румуните од Бекешчаба".

Танцовата драма "13" ги елаборира настаните поврзани со животот на 13 маченици на Арад и епизодите на револуцијата од 1848 година, падот и одмаздата во форма на танц-игра. Тоа не е историска или документарна претстава во танцова форма, не се однесува ниту на индивидуална судбина, туку во фокусот е трагедијата на мачениците на Арад и ужасот на нивната егзекуција. Настаните од поsледните денови пред нивното бесење.

Танцовата драма "13" има добиено неколку меѓународни признанија, дома во Унгарија, од Унгарците кои живеат во Трансилванија во Бако, како и на најголемиот меѓународен фестивал на театарот и танцот во Романија.

Лидер на групата, кореограф: Фаркаш Тамаш, млад мајстор на танцот и народна уметност, Уметнички водач: Фаркаш Агнеш наградена со наградата "Златен бисер", млад мајстор на танцот и народна уметност.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2019 15:27