Новоформираното здружение на уметници „Apicem Oaneum“ од Тетово првпат ќе се претстави со колективна изложба која ќе биде отворена вечер во 20 часот во просториите на националната установа „Уметничка Галерија Тетово“.
Како што информираат од здружението, ликовната изложба ќе биде испреплетена со класична музика во изведба на квартетот Apicem Oaneum. Оттаму се надеваат дека од новото ликовно катче во Тетово, ќе произлезат бројни ликовни дела.
Просториите на здружението Apicem Oaneum се наоѓаат во занаетчискиот комплекс „Ловец“.