Младите уметници од Меѓународниот симфониски оркестар „Bisoyc“ вечерва со свои изведби на познати музички дела ќе се претстават пред охридската публика и гостите што летуваат тука.

Симфонискиот оркестар „Bisoyc“ е составен од млади уметници од Германија, Франција, Велика Британија, Норвешка, Нов Зеланд, Русија, Канада и други земји, со неколку музички таленти и инструменталисти и од нашата земја.

Самиот орекстар е формиран во 2001 година кога диригентот Џулијан Гибонс го формира оркестарот на музички летен камп во Бедстоун, Велика Британија. Неговата цел била да собере млади луѓе со различни музички афинитети и способности и да им даде шанса да искусат изведба во голем симфониски оркестар. Идејата била одлично прифатена така што прераснува во традиција, а млади од целиот свет доаѓаат да ги споделат и разменат искуствата со други млади, заеднички свирејќи во овој симфониски оркестар.

Концертот на отворено ќе се одржи вечерва на платото кај ТЦ „Амам“ во охридската чаршија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 11:10