„Горна Бошава низ времето” е насловена книгата која беше промовирана во кавадаречкото поткожувско село, кое некогаш беше дел од општина Конопиште. Автори се Дарко Најдов и Јован Петков. Книгата од над 400 страници содржи бројни податоци поврзани со Горна Бошава.

– Опфатена се моменти од историјата и традицијата на овој крај. Ми претставува чест и задоволство што оваа книга ја виде светлината на денот и што во неа ќе можат да уживаат сите оние кои имаат корени овде, но и сите други кои сакаат да се запознаат со богатството кое го нуди ова парче земја од нашата држава, рече Најдов. свд/хс/



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2019 13:39