Сценаристот и хроничар на домашната деветта уметност, Александар Стеванов од Штип, ќе биде македонскиот претставник на осмата стрип-колонија „Рашка 2019“ што ќе се одржи на Семетешко езеро во Србија, од утре до 9 август.

Стеванов, како претставник на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, ќе учествува заедно со претставници на стрип-школите од Белград, Лесковац, Крагујевац, Ваљево и домаќинот Рашка.

Во рамки на петдневната стрип-колонија, која е во организација на Канцеларијата за млади од Рашка, Центарот за култура „Градац“ и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“, ќе биде поставена изложба на дела од белградскиот уметник Дарко Стојановиќ. Преку предавања, своето искуство на помладите креативци ќе го пренесат легендите на југословенскиот стрип Жељко Пахек и Миша Мијатовиќ, а на маргините ќе биде претставена и најновата македонска стрип-продукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2019 11:16