Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ од Скопје ја објави „Чувар на штурци“, осма книга раскази на писателот Владимир Плавевски. Збирката содржи 20 раскази пишувани во 1990-тите години.
Владимир Плавевски (1948, Скопје) дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1974 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година.
Автор е на сценарија за телевизиски серии и филмови, краткометражни филмови, радиодрами, драмски текстови, како и на повеќе прозни книги, за кои е добитник на наградите „Роман на годината“ во 2013 и „Крсте Чачански“ во 2018 година.