Војо Цветановски и Милена Цветановска од Уличната театарска продукција „Театроск“, која работи уличен театар, улични промоции и настани со сличен карактер, ќе бидат дел од жири-комисијата што ќе одлучува кој ќе го освои првото место на светското првенство за живи статуи кое се случува на најголемиот европски фестивал „Зигет“ оваа година.

– Заминуваме утре, а ќе престојуваме на „Зигет“ се до вторник. Ќе бидеме дел од фестивал каде ќе настапуваат Foo Figthers, Florence and the Machine, Ed Sheeran, Martin Garix и останати светски ѕвезди. За нас, по победа која ја освоивме со „Контрабасот“ како живи статуи на „Зигет“ минатата година, ова е уште еден огромен успех. Секако успех и за нашата земја, изјавија Војо Цветановски и Милена Цветановска.

„Зигет“ е еден од петте најголеми фестивали каде доаѓаат во просек по 50.000 посетители од цел свет и има освоено неколку награди за најдобар фестивал.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2019 12:21