Со проекција на отворено на филмот „Триесет души“ на Дијана Туседо, вечерва во Музејот на современата уметност – Скопје часот ќе биде затворена меѓународната изложба „Родови перцепции“, која музејот ја организира во соработка со Британскиот совет.
Сниман во период од пет години, „Триесет души“ е филм со две страни и документарен и фикција. Тој прикажува еден свет кој е вистински и друг кој е имагинарен, еден свет кој е млад и друг кој е стар, еден кој има само огниште и друг кој е со гигантски размери, еден од минатото и друг со иднина, еден кој е жив и друг кој е мртов.
„Триесет души“ имаше своја светска премиера на 68-от Берлински филмски фестивал, а по Берлин освои преку 10 меѓународни награди со прикажувања на над 30 светски фестивали.
Дијана Туседо работела како монтажерка на шеснаесет долгометражни филмови на неколку режисери, вклучувајќи ги Исаки Лакуеста и Алберто Гарсија. Како режисерка, има направено повеќе креативни документарни и експериментални кратки филмови, што биле прикажани на филмски фестивали и во неколку центри за современа уметност.
Проекцијата на филмот „Триесет души“ е програмска соработка помеѓу „Родови перцепции“ и редовната филмска и видео програма на МСУ.
По проекцијата на филмот следува разговор со авторката и коктел на терасата на МСУ, со што ќе се одбележи последната ноќ на „Родови перцепции“.
На изложбата „Родови перцепции“, која беше отворена со перформансот „Луис” на уметничкиот колектив од Лондон, „ГрејсГрејсГрејс“, беа претставени 39 дела од 25 светски реномирани авторки од Велика Британија и земјава, како Трејси Емин, Сара Лукас, Лубаина Химид, Анета Светиева, Моника Мотеска и Христина Иваноска.
Куратори на изложбата се Кумјана Новакова и Благоја Варошанец.