„Шест степени одвоеност: мит или светот е навистина мал”, е темата на предавањето што ќе го одржи д-р Трифче Сандев во рамки на „Научната и уметничка визита 2019″, што во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се одржува во Охрид.
Сандев е добитник на државното признание „Најдобар млад научник“ за 2011 година, за објавени научни трудови во текот на 2011 година за физика, математика и применета математика во меѓународни списанија со фактор на влијание. Негово поле на интерес и истражување се природно-математичките науки, поконкретно физиката и математичката физика. Досега има учествувано на повеќе конференции, семинари, обуки и школи, во земјава и надвор, каде презентирал дел од резултатите од неговата научна и стручна работа.
Автор е на дваесеттина научни и стручни трудови, од кои повеќето се објавени во референтни меѓународни списанија со фактор на влијание. Се јавува како рецензент на повеќе научни трудови во три меѓународни списанија: „Journal of Physics A: Mathematical and Theoretical“, „Physica Scripta“ и „International Journal of Modern Physics B“. Член е на Друштвото на физичарите на Република Македонија и на Европското друштво на физичари.Предавањето вечер со почеток во 20 часот во Куќата на Уранија.