Триесет и првото издание на поетската ноќ во Велестово ќе биде отворено вечерва во селото Велестово во Охрид, и ќе трае до 18 август.
На поетската ноќ предвиден е настапот на вокалистката Евгенија Здравевска и Александар Петров како специјална придружба на тапан.
Годинешното издание на манифестацијата е посветено на поезијата на Иван Џепароски. За неговото дело ќе беседи професорката Наташа Аврамоска, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Владимир Јачев.
Во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во Велестово, истата вечер ќе биде отворена и изложбата на академскиот сликар Воскресија Андреевска.
Годинава манифестацијата е подржана од Министерството за Култура, Општина Охрид и Комерцијална Банка.