Вечер со настапот на Жељко Самарџиќ, Гери Никол, Brass Brothers", Перо Христов со неговиот јубилеј-50 години кариера и „Јупитер" и гости од „Никад није касно" почнуваат завршните три музички вечери на Струмица опен фестивал.
Утревечер на големата сцена на плоштадот „Гоце Делчев" главна ѕвезда е Северина, а пред неа ќе настапат Бени и Нон стоп и Дарио.
Затворањето на годинашното издание на фестивалот в недела е резервирано за Горан Бреговиќ и „Бијело дугме", а пред нив настап ќе имаат „2 Бона" и Мирза Селимовиќ.
Од почетокот на фестивалот, кој трае три месеци, се одржаа 27 настани на рекордни 13 локации во Струмица, а според организаторите годинашното издание е во знакот на спортот, културата, уметноста и музиката.