Романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова, добитник на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, вечер во 20:30 часот ќе биде промовиран во Охрид во рамки на 31-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“.

Промоцијата што ќе се одржи во МАНУ, Куќата на Уранија во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“, е завршна активност од годинашната програмата на културната манифестацијата.

„Поетската ноќ во Велестово“ годинава е поддржана од Министерството за култура, Општина Охрид и од бизнис секторот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2019 11:24