Заврши меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе. На 14. ликовна колонија „Ѓуриште“ учествуваа 14 сликари од Србија, Црна Гора, Бугарија и од земјава, кои седум дена твореа на две локации во Светиниколскиот регион, во Ѓуриште и селото Црнилиште.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски истакна дека е задоволен што традицијата продолжува, а уметниците создале дела, што остануваат во сопственост на општината.
– Имавме вкупно 14 сликари, како што и претходно информираме најмладиот сликар на колонијата е 23 годишниот Бојан Тасев од Свети Николе, а највозрасниот ни беше од Србија, вели Велковски.
Ликовната колонија „Ѓуриште“ ја организира Домот за култура во Свети Николе, а 28-те слики од колонијата ќе бидат изложени на 14 септември на Денот на ослободувањето на Свети Николе.