Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ги потресе Маријанските острови во Тихиот океан, соопшти Американскиот институт за геолошки истражувања.

Кинеската агенција Ксинхуа синоќа пренесе дека земјотресот бил регистриран на длабочина од 33,5 километри.

Потресот бил на 84 километри североисточно од островот Анатахан, што им припаѓа на Северните Маријански острови.

Засега нема никакви информации за евентуални жртви и штети.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2019 12:54