Во Куќата Уранија – МАНУ, во Охрид, во рамките на Научната и уметничка визита Охрид – 2019, вечер ќе се одржи свечена промоција на две книги од проектот: Поети и раскажувачи академици, реализирани во соработка со Академијата на науките и уметностите на Косово.
Како дел од активностите на МАНУ во меѓународната соработка, беа подготвени и објавени: Антологија на поети и раскажувачи на Академијата на науките и уметностите на Косово (издание на Македонската академија на науките и уметностите) и Поети академици и Антологија на поети членови на Македонската академија на науките и умеtностите (издание на Академијата на науките и уметностите на Косово).
Од МАНУ посочуваат дека развиваат плодна научна и уметничка размена со академиите на соседните земји, а најповеќе со Бугарската академија на науките, со која имаат неколку десетици заеднички проекти, но и со другите.
Веќе, се реализираа Денови на Албанска академија во Скопје, а реципрочниот одговор, во обратна насока, планиран е за напролет. Исто така, се реализира заеднички проект: MАНУ да подготви книга за Наим Фрешери, а колегите од Тирана, превод на „Историјата на македонскиот народ”, на албански. МАНУ, веќе ја реализираше превземената обврска, а покојниот академик Иван Катарџиев, напиша поговор. На последната средба на претставници на двете академии во Охрид, беше договорено Албанската академија да ја интензивира работа, по што ќе следи заедничка промоција.
Босанската академија, во Скопје, пак, веќе имаше „Изложба на сликари академици”, додека во октомври, следи возвратен чин во Сараево, наведуваат од МАНУ.