Во Домот на култура „Илинден“ денеска ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.
На изложбата што ќе ја отвори сликарката од Русија, Олга Панкина, ќе бидат застапени 15 уметници од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија, како и од нашата земја, со околу 40-на дела.