Академскиот сликар Зоран Арсовски-Бабата од Куманово денеска во Белград ќе ја реализира самостојната изложба „Тектонски пореметувања“ во „Галерија-Белградска тврдина“ на Калемендан.

Изложбата ќе биде отворена до 10 септември, а на неа ќе бидат претставени 60-тина дела работени во техниката акрил. Оваа изложба е осмо самостојно претставување на Арсовски пред пошироката јавност.

Арсовски е роден 1908 година. Дипломирал во 2005 година, а магистрирал 2007 година на Националната ликовна академија во Софија, на насоката сликарство. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Учествувал на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби и проекти во државата и странство. Работи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2019 10:21