Концерти, изложби, претстави, перформанси, работилници, проекции на филмови, независен Саем за издавништво и многу други професионални и аматерски содржини се дел од годинашново 11.издание на БОШ Фест, што почна синоќа во Гевгелија со проекција на четири кратки филмови.
Фестивалот се одржува во чест на прерано починатиот актер Бошко Бозаџиевски од Гевгелија.
– Инаетот и цврстиот каратктер за децентрализација на урбаната култура е тоа што не турка напред сиве овие години во кои фестивалот си доби свое мото, а тоа е секоја година да биде подобар барем за нијанса од претходната, рече Марија Стојанова од организацискиот одбор.
Од културната програма годинава посебно се издвојуваат тетарската претстава „Црнила ремикс“ и стартот на концертната програма со настап на ансамблот „Фолтин“.