Изложба на професорот Мифтар Мемети насловена „4 перформанси, една идеја“ вечер ќе биде отворена во Чифте амам.
На изложбата што ќе биде поставена до 1 септември ќе бидат претставени вкупно 350 слики во мал формат работени во маслена техника..
– Станува збор за најновиот проект на Мифтар Мемети кој опфаќа 4 тематски целини на кои авторот работел веќе подолого време, односно ги посветил последните 10 години од неговото творештво. Овој негов 10-годишен труд, инспириран од албанската историја и култура, преку 4 перформанси ќе најде свое место во изложбениот простор на објектот Чифте амам. Сликите се меѓусебно поврзани и комбинирани во засебни целини на комплексни мозаични слики формирајќи 4 поедничени дела во голем формат, информираат од НУ Национална галерија.