Во организација на Здружението „Македонида“, по прв пат во земјава ќе се одржи уметничка резиденција со уметници од Јужна Америка.

На резиденцијата се поканети Франциско Томшиќ и Аугусто Гадеа од Уругвај и Џулиета Ортиз да Латиеро и Татиана Коцмур од Аргентина.

На оваа резиденција ќе учествуваат и млади веќе реномирани уметници од Скопје: Ѓорѓи Јовановиќ, Шќипе Мехмети и Владимир Лукаш.

Куратори на резиденцијата се Гордана Велков и Владимир Јанчевски, а изложбата треба да се отвори на 31 август, соопштуваат од „Македонида“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 10:23