Министерот за култура Хусни Исмаили денеска прими дел од учесниците на 13. Меѓународен фолклорен фестивал „Скупи“, што се одржува од 28 до 31 август, посакувајќи им успешно фестивалско издание.
Фестивалот „Скупи“ е во организација на ансамблот „Звуците на Каршиака“ и е поддржан од Министерството за култура.
Годинава ќе се претстават домашни ансамбли, како и фолклорни ансамбли од Албанија, Турција, Косово, Хрватска, Словачка и Киргистан.
Во четирите фестивалски денови концерти се одржуваат во неколку скопски општини и во Тетово.