Неколкуилјадната публика од повеќе македонски градови и градови од соседна Бугарија синоќа на градскиот плоштад во Крива Паланка уживаше во фестивалот на радоста – Џојфест. Фестивал кој осма година по ред се одржува во општината во месец август во екот на летната кулутрна понуда во регионот.
На сцената пред публиката од разни генерации настапија бендовите „Ки", „The three of us", „Флека", „Сајгон", Тони Зен , чии настапи беа увертира во настапот на главната музичка ѕвезда, виртуозниот вонсериски гитарист, Влатко Стефановски.
Стефановски кој настапи со „Влатко Стефановски трио" , во кое членуваат уште и неговиот син Јан Стефановски, на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара, со двочасовниот настап ја воодушевија публиката, која во еден глас ги пееше рефрените на најпознатите песни кои во Влатко Стефановски од „Леб и Сол" до денес ги создал во неговата четиридецениска музичка кариера.
Од организацискиот одбор на „Џојфест” истакнаа дека и ова фестивалско издание помина во одлична организација, со програма за која ќе се говори до следното фестивалско издание.
-Ова беше несекојдневна можност кривопаланчани и жителите од регионот да го слушнат вонвременскиот гитарист со кој растевме и се уште растат голем број генерации, млади музичари кои се среќни што можат да учат од најдобриот гитарист на сите времиња, можам да кажам. Она што беше куриозитет, е мастер-класот на Стефановски, одржан неколку часа пред концертот, за кој се баарше место повеќе, присуствуваа различни генерации музичари од градот и впиваа од несебичната методика на пренесување музички занаења на големиот Стефановски, истакна Александар Михајловски од организацискито одбор на Џојфест".
Фестивалот го организира Општина Крива Паланка, со организавциски одбор на „Џојфест", институции до културата со поддршка од Министерство за кулутра на Македонија.