Книгата „Нови драми“ од македонскиот прозаист и драмски автор Томислав Османли е објавена од книгоиздателството „ВиГ Зеница“ од Скопје.

Книгата содржи две пиеси, една со историска, другата на современа тема – „Нишала од злато“ е посветена на темите на страста, моќта и суровоста среде стоичката мултикултура на Балканот, а пиесата „Враќање дома“ говори за изневерените и заборавени вредности, што ги тера младите да се оттуѓуваат и да заминуваат од земјава.

Пред неколку месеци беа објавени неговите две тематски книги насловени „Драми за Скопје“. На крајот од месецов предвидена е промоција на неговата најнова книга.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 11:02