Тринаесеттиот конгрес на Меѓународната асоцијација за источноевропски студии (AIESEE) ќе се одржи во нашата земја. Тоа било одлучено на 12. конгрес на Асоцијацијата што од 2 до 6 септември се одржа во Букурешт, каде што со реферати учествуваа претставници на Македонскиот националниот комитет на AIESEE, со седиште во МАНУ.

МАНУ денеска соопшти дека со акламација бил прифатен предлогот на раководството на Асоцијацијата 13-тиот конгрес да се одржи во земјава.

– Тоа е голема чест за нашата земја и за нашиот Национален комитет и признание за извонредниот придонес на македонските научници и творци од областа на науките и уметностите во работењето на AIESEE, соопшти МАНУ.

Меѓународната асоцијација за источноевропски студии (AIESEE) работи под покровителство на УНЕСКО и истражува различни теми од областа на науките и културата на балканските простори и на просторите на Југоисточна Европа: историја, историја на уметноста, култура, археологија, право, економија…



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2019 00:29