Кристијан Шевченко синот на украински фудбалска легенда Андриј Шевченко, има само 12 години и веќе активно тренира фудбал во академијата на Челзи. Интересно за него е што тој е во можност да бира за која репрезентација ќе ги брани боите.

Кристијан Шевченко има привилегија да игра дури за четири репрезентации. Може да ја одбере Украина поради татко му, има право да настапува за Англија бидејќи е роден во Лондон а од страната на мајка му има потекло од САД и Полска, па ако реши, може да игра и за нивните национални тимови.

„Мојот втор син тренира во академијата на Челзи. Тоа е добра школа, од која излегоа многу врвни играчи. Не знам за кого ќе игра Кристијан, не е исклучена и Англија, ќе разговараме на таа тема кога ќе дојде време“ – вели некогашната ѕвезда на Милан.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 16:58