Одбранбениот фудбалер Виктор Линделф, се обврза на верност кон Манчестер јунајтед до крајот на сезоната 2023/2024.

Швеѓанецот кој има 25 години, откако дојде во Јунајтед во летото 2017 од Бенфика, за трофејниот англиски клуб одигра 74 натпревари. Сезонава е незаменлив стартер, и заедно со Хари Мегваер се столбови на одбраната во тимот на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

„Виктор е важен дел од тимот. Тој внесува смиреност на теренот, а се гледа и неговата посветеност и љубов кон клубот“ – рече Солскјер при потпишувањето на договорот.

Тој е вториот играч неделава кој ја продолжи соработката со клубот, откако истото го стори и голманот Давид Де Геа.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 20:14