По жрепката во Лигата на шампионите, попладнево во Нион, УЕФА изврши извлекување и на второто по квалитет клупско континентално натпреварување – Лигата на Европа.

Најголемо внимание привлекува пресметката меѓу Бриж и Манчестер јунајтед.

Двојки за шеснаесетина финалето во ЛЕ:

Вулверхемптон (Англија) – Еспањол (Шпанија)

Спортинг (Португалија) – Истанбул Басакшехир (Турција)

Хетафе (Шпанија) – Ајакс (Холандија)

Баер (Германија) – Порто (Португалија)

Копенхаген (Данска) – Селтик (Шкотска)

АПОЕЛ (Кипар) – Базел (Швајцарија)

ЦФР Клуж (Романија) – Севиља (Шпанија)

Олимпијакос (Грција) – Арсенал (Англија)

АЗ Алкмар (Холандија) – ЛАСК (Австрија)

Бриж (Белгија) – Манчестер јунајтед (Англија)

Лудогорец (Бугарија) – Интер (Италија)

Ајнтрахт (Германија) – Салцбург (Австрија)

Шахтјор (Украина) – Бенфика (Португалија)

Волфсбург (Германија) – Малме (Шведска)

Рома (Италија) – Гент (Белгија)

Ренџерс (Шкотска) – Брага (Португалија).

Првите натпревари од 1/16 финалето ќе се одржат на 20 февруари, реваншите на 26 и 27 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2019 23:05