Светот уште е во шок и неверување по трагичната смрт на кошаркарската легенда Коби Брајант откако хеликоптерот со кој одел на тренинг заедно со неговата ќерка се урна во близина на Калифорнија.

Засега уште не се даваат точни информации за главната причина поради која дошло до кобниот инцидент, но по тоа што го понуди американскиот одбор за национална безбедност, може да се заклучи дека сите патници во хеликоптерот немале никаква шанса да го преживеат падот.

Оваа организација употреби дрон за да се извадат првите фотографии од непристапниот терен каде се урнал хеликоптерот во кој животот го загубија Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седум други патници.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 01:11