Иранка на 103-годишна возраст целосно закрепнала откако се заразила со коронавирусот.

Иранската државна агенција соопшти дека жената се лекувала една недела во болница во градот Семнан. Таа е вториот возрасен излекуван пациент од коронавирусот. Минатата недела 91-годишен маж од Креман, југоисточен Иран, успешно бил излекуван.

Во Иран бројот на заразени е над 17.000, излечени се 5.389 лица, а починати се 1135.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 13:48