Се евакуира оштетената болницата за гинекологија и акушерство во Загреб, јави дописникот на МИА.

Од денешниот земјотрес, со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала, објектот потресе големи оштетувања, по што мајките мораа бебињата на раце да ги изнесуваат од болницата која се наоѓа на улицата Петрова, каде што има и други оштетени објекти.

Директорот на болницата кажа дека по драматичните случувања сега сите мајки и бебиња се наоѓаат на безбедно.

Опремата за интензивна нега на новороденчиња, исто така, се носи на безбедно бидејќи е потребна.

Ситуацијата дополнително ја компликува коронавирусот, па надлежните апелираат граѓаните де не се собира во групи бидеќи може лесно да се пренесе заразата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2020 17:34