Петмина тетовци ноќеска од 21 часот до 5 часот утринава биле приведени поради нарушување на полицискиот час, односно поради прекршување на владината одлука за ограничено движење. Исто така, во текот на вчерашниот ден по 11 часот една опомена била дадена на повозрасна жена над 67 години.

-Лишените лица се задржани во Полициската станица – Тетово. По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од СВР Тетово.

Претходната ноќ од 21 часот на 24 март до 5 часот на 25 март најмногу дури 13 лица досега се откриени кои не го почитувале полицискиот час.

Вкупно 30 лица се приведени поради нарушување на полицискиот час од започнување на мерката во Тетовско.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2020 13:41