Штипското обвинителство до надлежниот Суд на оваа подрачје поведе постапка против 16 лица кои не ги почитувале здравствените прописи во време на пандемија, соопштија од ОЈО Штип.

– Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Тие пеш или со возила се движеле низ градот во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата, наведуваат од Обвинителство.

Со овие дејствија сите обвинети во одделни кривично – правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено во Кривичниот законик.

За петмина од обвинетите Обвинителството предложи да се изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби, секоја од нив во вредност од 10 евра во денарска противвредност. Додека за 11 лица кои Обвинителството ги товари за истото кривично дело е побарана парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2020 15:21