Албанскиот претседател Илир Мета денеска остро реагираше на уривањето на објектот на Националниот театар, нарекувајќи го овој чин уставен криминал и наредба на мафијата на власт.

„Пред неколку часа, во екот на темнината, мафијата нареди уништување не само на еден од најзагрозените споменици на културното наследство во Европа, туку и на секоја илузија за постоење правна држава во Албанија, напиша Мета на Фејсбук.

Во исто време, додава Мета, полициското насилство врз театарските уметници и новинарите е „црна дамка за мафијата на власт“.

„Оваа слика ќе биде запаметена на ист начин како казмите на диктатурата во ‘67 над црквите и џамиите.

Ова е уставен,законски и морален криминал, за што нема амнестија, напиша Мета.

Тензичната ситуација пред сега веќе некогашниот објект на театарот продолжува. На повик на опозицијата се поголем е бројот на граѓаните.

Кои ќе бидат следните активности на опозицијата ќе се знае по средбата на лидерите на партиите кои ја сочинуваат обединетата опозиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2020 12:47