Не стивнуваат реакциите поради уривањето на Националниот тетар во Тирана. Меѓу многуте кои реагираат против уривањето на објектот е и Европската агенција за заштита на културното наследство.

– Тажен ден за културното наследство во Албанија и Европа. Тажен ден за демократија и владеење на правото во Албанија и Европа. Рано изутрината, албанските власти уапсија активисти на граѓанското општество и почнаа да го уриваат Националниот театар во Тирана, се наведува во реакцијата на Агенцијата.

Остро реагираше и поранешната европратеничка Дорис Пак, која на Твитер напиша дека „ова не е наша Европа“.

– Албанија ќе почне преговори со ЕУ, но политичарите се однесуваат како во криминалното минато на земјата. Срамна е употребата на полициска сила, насилството врз новинари, уметници и граѓани кои дојдоа во одбрана на театарот, напиша Пак.

Известувачот на Европскиот парламент за Албанија, Дејвид Лега, исто така, се приклучува во „осудата на владините активности и полициското насилство“.

Тој упати апел до премиерот Еди Рама да престане со насилството врз активистите и уметниците, да се запре понтамошното уривањето на комплексот и да разговара со Албанците и со Европската агенција за заштита на културното наследств.

– Ја осудувам акцијата на властите и полициското насилство денеска во Тирана и го повикувам премиерот Рама да престане со незаконското уривање на Националниот театар, да престане насилството врз уметниците и активистите и да се започне со дијалог со сите заинтересирани групи, вклучително и Европската агенција за заштита на културното наследств и Институтот на Европската банка за инвестиции кои се поддржани од Европската комисија и се подготвени да помогнат. Го повикувам премиерот Рама да го слушне апелот на Комесарот за култура Габриел и да престане со непоправливата штета. Таа ја потсетува албанската Влада на 15-те услови што Албанија мора да ги исполни за да започне преговори. Правната држава е приоритет, напиша Лега.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2020 15:10