Британската министерка за труд и пензии Тереза ​​Кофи денеска изјави дека советите на експертите на самиот почеток на пандемијата на коронавирусот биле погрешни и оти тие можеби доведоа до грешки во реакцијата на Владата на пандемијата.

Министерката ова го кажа во гостување во утринската програма на телевизијата „Скај њуз“ на прашањето дали сега може да се каже дека, поради сè, бил погрешен е пристапот за спречување на заразата во домовите за стари луѓе, од кои некои беа сериозно погодени од пандемијата.

– Одлуките можете да ги носите само врз основа на информации и совети што ги имате во даден момент. Ако науката згреши, погрешни биле и советите давани во тоа време, рече Кофи.

– Не сум изненадена ако луѓето мислат дека донесовме погрешна одлука, но решенијата мора да ги носите врз основа на она со што располагате, додаде таа.

Според „Скај њуз“, постапките на Владата во Лондон по избувнувањето на пандемијата се засновале врз препораките на експертите од една советодавна научна група за вонредни ситуации, а применетиот пристап беше доведен во прашање од група пратеници од повеќе партии.

Во својот извештај, пратениците посочија, меѓу другото, дека капацитетите за тестирање на коронавирусот биле несоодветни, како и дека првичната одлука за запирање на тестирање на населението била меѓу оние што довеле до најтешки последици.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2020 15:55