Во изминатите 24 часа во Велес, Кавадарци и Неготино сите граѓани го почитувале полицискиот час, во претходното деноноќие три лица го прекршиле (едно во Велес и две во Неготино), а во саботата не го почитувале двајца, по еден во Кавадарци и Неготино, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во изминатото деноноќие име две нови лица со решенија за изолација, едно во Кавадарци и едно во Неготино, а со изјава за самоизолација нема нови лица. Вкупно со решение во изолација се 120 лица од кои најмногу, 94, во Велес 11 во Кавадарци и 15 во Неготино. Со изјава за самоизолација има едно лице, во Кавадарци.

Според Додевски, вчера немало регистрирано нови лица со решенија за изолација и со изјава за самоизолација. Во неделата имало 11 новорегистрирани лица со решенија за изолација, сите во Неготино, а со изјава за самоизолација немало нови лица. Во саботата имало 17 нови регистрирани лица со решенија за изолација, осум во Велес и девет во Кавадарци, а со изјава за самоизолација немало.

– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека сите ги почитувале овие мерки, рече Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2020 17:01