Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека САД, во смисла на заштита на американските трупи, одговориле правилно на разузнавачките извештаи дека Русија плаќала на Талибанците за да убиваат американски војници во Авганистан.

Говорејќи на прес-конференција, Помпео не го потврди разузнавачкиот извештај, ниту пак рече дали американскиот претседател Доналд Трамп бил свесен за извештајот.

Говорејќи за Иран, тој рече дека целта на администрацијата на Трамп не е да го продолжи ембаргото на ООН за оружје на Иран за кратко време, туку дека ќе даде се од себе за да го одржи во сила ембаргото, кое истекува во октомври.

– САД имаат недвосмислено право, без согласност од која било друга држава, да обезбедат ова ембарго на оружје да остане во сила, рече Помпео.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2020 23:26