Македонската А репрезентација ги започна подготовките за натпреварите против Ерменија и Грузија од Лигата на Нациите.

Натпреварот против Ерменија е на 5-ти септември во Скопје, додека против Грузија е три дена подоцна во Тбилиси.

Сите репрезентативци беа тестирани на коронавирусот на барање на селекторот Игор Ангеловски, а откако резултатите потврдија дека нема позитивни на Ковид-19, попладнево на „Градски“ беше одржан и првиот тренинг пред мечот со Ерменија.

Ангеловски со тоа ќе може да смета на сите повикани за пресметката во сабота во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 00:16